Не само што реалните шоуа се комплетно направени по сценарио, туку животните што учествуваат во нив најчесто претрпуваат тортура додека седат во кафези и чекаат да дојде нивниот ред за снимање. Дел од нив имаат сопственик, дел се тазе уловени во дивината.
Магазинот Mother Jones ја испитува серијата "Call of the Wildman," што за Анимал Планет ја снима продукцијата Шарп Ентертејмент, која е специјализирана за шоуа со "управувана реалност."
"7-месечната истрага на Mother Jones - која собра интерни документи, интервјуа со 8 луѓе вклучени во продукцијата и владини записи - открива докази за култура која толерира легални и етички сомнителни активности, кои вклучуваат: користење животни кои се под седативи, барање ловците да фаќаат диви животни кои потоа повторно се 'фатени' како дел од сценариото, и лажно пополнување на легални документи за активностите на екипажот околу дивите животни," објавува магазинот.