Принс од 22 фана бара 22 милиона

Принс тужи 22 интернет корисници меѓу кои добар дел сигурно се негови фанови и од секој од нив бара по еден милион долари затоа што му пиратирале снимки од концерти.

Мета на тужбата на Принс не се бутлег фабриките во Азија или Источна Европа туку општи сајтови или Фејсбук страници кои имаат линкови за симнување на некои негови концерти стари повеќе од една деценија. 

За добар од тужените веб сајтови дури и по името ( Purple House, Purple Kiss, Funky Experience Four) им се гледа дека се наменети првенствено за негови фанови.
 
"Тоа е мрежа која овозможува масовно дистрибуирање на авторизирани копии на песните и живите настапи на уметникот," се наведува во тужбата.
 
На неговиот официјален сајт, фановите се разочарани од ваквиот потег на нивниот идол.
 
"Принс ќе биде запамтен по две работи: по неповторливата музика што ја создаде и по тоа што си ги мрази сопствените фанови," пишал на тамошниот форум еден од нив.
 
Најстариот концерт за кој Принс се жали дека му бил пиратиран е свирка во Чикаго изведена пред точно 31 година.
27 јануари 2014 - 17:52