Таг: принс

Најновата книга на Ник Хорнби ги поврзува Дикенс и - Принс

Двајца уметници од различни векови чие спомнување во иста реченица (во случајов во наслов на книга) предизвикува чудење. Но освен што Хорнби ги спојува поради тоа што обајцата го инспирирале, тие можеби имаат повеќе заеднички нешта отколку што тоа изгледа на прв поглед.

Човекот кој успеа да го отвори сефот на Принс

Се вика Деј МекОми, прескромен човек и професионалец, кој специјализира во отворање нешта кои никој друг не може да ги отвори. Помеѓу сите предизвици во текот на неговата кариера, еден бил исклучителен, и тоа не само поради сопственикот на сефот.

Излезе постхумно објавената автобиографија на Принс

Завчера, 29.10, од печат излезе „Убавите“ (The Beautiful Ones), мемоарот кој Принс почнал да го пишува пред неговата прерана смрт. Во него има спомени за детството, од првиот бакнеж до опседнатоста со Супермен. Но има и коментари за неговите колеги и дискографската индустрија воопшто.

Се бара архивар за материјалите од оставштината на Принс

Поинформираните за она што сè останало необјавено по смртта на славниот музичар велат дека дури и сите негови официјални снимки случајно да исчезнат, тој повторно би бил сметан за музички гениј, само врз основа на огромното количество необјавен материјал. Него сега треба некој да го среди.

Послание по Боуви, Принс, Коен и Џорџ Мајкл

Некои идни толкувачи на културата сигурно ќе се обидуваат да најдат можни врски помеѓу ликовите и делата на славните музичари кои нè напуштија годинава, во потрага по „цајтгајст“-от на нашава епоха. За да им ја олесниме работата, направивме мешап од нивни стихови.

Отворен сефот на Принс со музика за еден век

ЕјБиСи њуз објавува дека во само што отворениот сеф на Принс било откриено доволно музика за да се објавува нов албум секоја година во следните 100 години.

Koга Принс свиреше со Мајлс Дејвис

По смртта на славен музичар веднаш се копа по помалку познатите детали од неговиот живот, и се поставува прашањето - што ако соработувал со овој колега, што ако ја објавел онаа песна? Кога е во прашање Принс, едно такво партнерство кое не се развило онолку колку што можело на општо задоволство, е она со Мајлс Дејвис.

Принс отсвири повлекување

Лапајте наоколу музика од Принс додека ја има. Човекот сериозно почна да ги повлекува своите песни од веб.

Како функционираат тантиемите во случајот на Ал Јанковиќ?

После 30 години, Ал Јанковиќ доживеа да види свој албум на првото место на Билборд топ листата. Како се решаваат парите од авторските права во случај на пародии и кој музичар упорно одбива да му даде своја песна на Јанковиќ?

Принс од 22 фана бара 22 милиона

Принс тужи 22 интернет корисници меѓу кои добар дел сигурно се негови фанови и од секој од нив бара по еден милион долари затоа што му пиратирале снимки од концерти.