Веројатно ќе ги препознаете, но обидете се да не ги пеете во себе, туку да ги читате баш како поезија. Песната која ја добивме има интересна порака за новата 2017 - неа овие музичари не ја дочекаа, но со нас уште долго ќе бидат нивните стихови.
It's four in the morning, the end of December
I'm writing you now just to see if you're better.
I think there's something you should know,
I think it's time I told you so
there's something deep inside of me,
there's someone else i've got to be.
Just be still with me,
you wouldn't believe what I've been through.
It's hard to love, there's so much to hate
hanging on to hope
when there is no hope to speak of.
You turn on the telly and every other story
is tellin' you somebody died.
Time takes a cigarette, puts it in your mouth,
while the killers in high places
say their prayers out loud.
Some say a man ain't happy,
unless a man truly dies.
We asked for signs,
The signs were sent:
We can beat them, just for one day
We can be Heroes, just for one day.
The dreamers ride against the men of action:
all we have to do now,
is take these lies and make them true, somehow.
It's time to leave the capsule
if you dare.
I'm stepping through the door
and I'm floating
in a most peculiar way.
And the stars look very different today.
There is a crack in everything,
that’s how light gets in.
It's four in the morning, the end of December
I'm writing you now just to see if you're better.
***
Четири наутро, крај на декември
Ти пишувам само да видам дали си подобар.
Мислам дека има нешто што треба да знаеш,
мислам дека е време да ти кажам,
има нешто длабоко во мене,
има нешто друго што треба да станам.
Само биди до мене,
нема да веруваш низ што минав.
Тешко е да се сака, има толку за мразење
држејќи се за надежта,
кога нема никаква надеж.
Го пушташ телевизорот и секоја втора приказна
е дека некој умрел.
Времето си пали цигара и ти ја става в уста,
додека убијците на високи позиции
се молат на глас.
Некои велат човек не е среќен,
додека вистински не умре.
Побаравме знаци,
знаците беа испратени:
Можеме да ги победиме, само на еден ден
Можеме да бидеме херои, само на еден ден
Сонувачите против луѓето од акција -
сè што треба да сториме
е да ги земеме лагиве,
и да ги претвориме во вистина.
Сега е време да се напушти капсулата
ако се осмелуваш.
Излегувам низ вратата,
лебдам на најчуден начин.
И ѕвездите денес изгледаат многу различно.
Во сè има пукнатина,
така до нас пробива светлината.
Четири наутро, крај на декември
Ти пишувам само да видам дали си подобар.