Според текст објавен во 2016 во Ролинг Стоун, сефот на Принс содржи илјадници часови до сега неслушнат, жив и студиски материјал - цели албуми, поединечни песни, „џем“ сешн свирки со колеги. Вработен во Пејсли парк - приватниот имот и комплекс студија во Ченасен, Минесота, бил сведок на голем број маратонски сесии во текот на кои Принс произведувал музика со „енергија на натчовек“, а потоа ги складирал снимките (од причини познати само нему) во асли банкарски сеф во подрумот на имотот. Само Принс ја знаел комбинацијата.
Сега тој ист сеф е отворен, и од него почнаа да излегуваат до сега необјавени материјали, како оригиналната студио снимка на Nothing Compares 2 U (тука). Првиот албум со песни од Сефот ќе излезе дури во септември. Но еден среќник/чка со релевантни вештини и искуство во архивирање и конзервација ќе добие шанса да работи директно со материјалите во Пејсли парк, кој сега е претворен во постојан музеј. Местото гласи „Надзорник на архива“, а како услов се наведува „колку-толку познавање на Принс“.
Огласот е постиран на 12 април, а во него се вели дека се очекува прекувремена работа, како и целосна дискреција. Еве го, па ако ве носи патот во Минесота..