Сефот за кој шифра имал само Принс би отворен од Бремер трустот, кој има привремено владение врз имотот на Принс. Музичарот, која почина на 21-ви април на 57-годишна возраст, имаше објавено 39 студиски албуми и дузини други музички проекти.
Принс и претходно во еден разговор за Вју во 2012-та, ја спомна својата ризница со музика, изјавувајќи "Еден ден некој ќе ги објави. Не знам дали јас ќе бидат тој што ќе ги објави."
Според поранешниот тонец на Принс, Сузан Роџерс, која работи на снимање на сите негови проекти: "ние би можеле да објавуваме повеќе дела за еден месец отколку што најголем дел од луѓето би можеле за една година или повеќе."
Таа објаснува дека сефот всушност е просторија со полици кои многу брзо се полнеле, а врата на сефот била запечатена со тркало налик голем банкарски сеф.
Претходно сестрата на Принс, Тајка Нелсон, поднесе документи до надлежниот суд во кои тврдеше дека музичарот немал оставено никаков тестамент. Според законот, доколку ова се покаже за точно целиот негов имот ќе биде поделен меѓу Нелсон и останатите полу браќа и сестри.