Кратко запознавање - Нимфоманка ја раскажува приказната за жената по име Џо, која се присетува на сите сексуални искуства што ги имала во своите адолесцентски години. Целиот филм е крајно експлицитен (и не е за гледање со мајка ти).
Што се случи таа вечер?
Мајка му на Крег: Не ни знаев што е тајна проекција. Крег не' предупреди. Ни рече: "Мамо и тато, има гласини дека може да биде Нимфоманка на Ларс Вон Тиер, ама исто така може да биде и новиот филм на Вес Андерсон, па веројатно ќе уживате во тоа." Искрено, ние бевме воодушевени што нему му текна да ги покани своите родители на проекција. Бевме прилично возбудени што сме таму.
И кога дознавте дека е Нимфоманка?
Мојата прва реакција беше да се свртам кон Крег, кој беше благо испаничен. Ние намерно седнавме на крајот, за да можеме да станеме и да одиме ако има потреба. Кога најавија кој филм ќе биде, се сетив дека сите куфери на Крег се кај нас во автомобил, па немаше каде да се оди.
Што очекувавте?
Не знаев што да очекувам со таков наслов.
Дали мислите дека приказната беше интересна?
Мислев дека е интересна приказна, а мојот сопруг Стив воопшто немаше желба да остане на филмот. Ама кога дојдовме до делот кога еден постар господин во филмов извади книга и почна да го споредува сексот со риболов, Стив се наведна и рече: "Ова изгледа интересно. Ќе останам уште малку."
А голотијата?
Не ми пречеше голотијата. Ама мислам дека монтажата на различни машки гениталии беше тотално непотребна.
А љубовните сцени?
Па, не би ги нарекла љубовни сцени. Таа е нимфоманка. Таа не обрнуваше внимание. Не знам многу за нимфоманки. Ама колку што сфатив тие се незаситни. Таа имаше распоред, и партнерите и доаѓаа, понекогаш и по 4 или 5 на вечер. А сцената со Ума Турман не ли мислиш дека беше неверојатна? Не можам ни да се сетам во што последен пат сум ја видела Ума Турман.
Како се чувствуваше околу сцената со возот, кога Џо и нејзината пријателка одеа од вагон до вагон имаа секс со повеќе партнери?
Како мајка тоа беше навистина тешко за мене. Ниту еден родител не сака да ја види својата ќерка како се однесува на тој начин. А сепак, бев заинтригирана да го гледам. Оној последниот господин - бев љубопитна да видам како тоа ќе и успее да го направи... и тоа како и успеа.
Дали некогаш замижа?
Тоа му кажав и на Крег, дека ќе замижам ако работите станат премногу лоши. Ама не замижав. Може малку гледав на страна за време на монтажата со пениси, бидејќи искрено и не ми беше толку привлечна.
Дали ќе го гледаш Нимфоманка: волумен 2?
Му пишав порака на Крег: "Едвај чекам да го гледам вториот дел." Знаеш што? Сериозна сум. Секако нема со Крег. Ама ме интересира. За мене, тоа е знак за добар филм, кога ќе се поврзеш со ликовите. Сакам да знам што се случило со неа.
Дали би го препорачала на пријатели?
Хм, веројатно не. Ние се уште го немаме надминато денот кога им го препорачавме "Треинспотинг."
Кои ти се омилени филмови годинава?
"Американски измамници," "12 години роб." Чекај да видам што друго гледав? Овие се тие прашања што мозокот на 64 годишна жена не може да го запомни. Неодамна го гледав новиот филм на Сара Поли, "Stories We Tell."
Оценката на мајка му на Крег за првиот дел од Нимфоманка: Б (4-ка).