Откако од пресметката ги вади сите ликови со натприродни моќи, тој останува со 105 машки и 21 женски психопат кои ги анализира со помош на уште 10 научници.
"Речиси сите негативци или биле 'одметници' од начинот на кој функционира општеството и имале некаква компулсивност (обично сексуално мотивирана) за да убијат, или биле екстремно насилни, хаотични масовни убијци со карактеристично однесување и појава," пишува во резултатите од истражувањето објавено во Журналот на форензички науки. Пример за првата група е Норман Бејтс од Психо на Хичкок, пример за втората група е главниот лик во Тексашкиот масакр.
Професорот Самуел Леистед воопшто не е импресиониран од кралот на холивудските психопати, Ханибал Лектор. Според него овој лик има карактеристики кои не се секогаш присутни кај психопатите од вистинскиот живот. Меѓу работите кои му се забележуваат на Ханибал се: премногу висока интелигенција, суетно однесување, престижна кариера, смирено држење и контрола на работите, и нереалистична и исклучиво добра вештина за убивање луѓе, посебно со сечила и предмети од дома.
Проблемот е што комбинацијата на овие карактеристики речиси е невозможно да се оствари во вистинскиот живот, без разлика дали човек има емпатија или не.
Сегашната алатка за дијагностицирање психопати е список со карактеристики кој вклучува: нечувствителност и недостаток на емпатија, слаби емоции (не може да почувствува екстремен срам, вина или страв), неспособност да планира за во иднина, импулсивност и насилство.