Мршојадци со добро око

Контроверзи околу оваа фотографија имаше уште кога победи на еден меѓународен натпревар. Нова фотографија од истото место, снимена од друг агол, додава дополнителен чемер околу приказната.

Своевремено во Шведска се создаде голема контроверза околу фотографијата на Паул Хансен која победи на изборот на најдобра шведка фотографија во 2011-та година. Фотографијата ја прикажува 14 годишната Фабијана, убиена од полицијата зашто украла две столчиња и една слика по земјотресот и нередите кои се случија во Хаити.

Неодамна во јавноста стигна и друга фотографија од истиот настан, снимена од страна, која  покажува неколкумина професионални фоторепортери, како се борат за подобар агол во моментите кога девојчето умира.

Неморалот на ваквата сценографија сам по себе е јасен. Од друга страна, останува прашањето колку светот ќе беше допрен од страдањата во Хаити и колку донации ќе дојдеа во земјата ако не беа фотографии како онаа со Фабијана.

Која од овие две фотографии заслужува награда?

18 јануари 2014 - 10:57