Незадоволна од постојните опции што ги има по реконструкцијата на градите Ортвејн разговара со својот зет, инаку потпретседател на агенција за маркетинг и дизајн. Двајцата сфаќаат дека веројатно најголем проблем на Моли ќе биде да најде начин да ги покрие лузните од операцијата.
"Двете искуства (ракот и реконструкцијата) оставаат лузни. Затоа одлучив да го започнам Персонал Инк. Единствената работа што им недостасува на жени како Моли, кои размислуваат за други опции, е инспирација за дизајн и наоѓање тату уметник во нивна близина. Затоа одлучивме ова да го создадеме," изјавил Ноел Франус, зетот на Моли.
Од своето основање, Персонал Инк (П.ИНК) создава инспирации и идеи за тетоважи за жените кои го преживеале ракот на дојка, и потоа истите ги поврзува со тату уметници кои се квалификувани за да работат на лузните. Сите уметници кои се на списокот на П.ИНК се верификуваат дека претходно имаат работено на тетоважи. Наместо сопствена страна, целата работа на П.ИНК (тетоважи, студија, дизајни) оди преку Пинтерест.