Канцеларијата со едно биро

Без разлика дали сакаат или не, сите вработените на маркетинг агенцијата The Barbarian Group мора да делат едно ултра големо супер-биро што ја зафаќа целата канцеларија. Имаат 125 вработени.

За своите нови канцеларии, тие сакаат сите свои вработени да ги спојат и да ги седнат на исто биро. За ова му се обраќаат на архитектот Клајв Вилкинсон. Тој им дава предлог за супер големо биро кое се простира низ целиот простор од околу 400 метри квадратни.

Освен што служи за работа, бирото е така вклопено што создава и простор за одмор или кратки состаноци.

На крај за Barbarian Group излегло дека е поевтино да ја направат оваа единечна маса, отколку да прават посебен кјубикл за секој вработен. Масата чинела 300.000 долари.

14 февруари 2014 - 10:26