ИБМ "масакр" во Индија

ИБМ веќе неколку квартали ги завршува под очекувањето на Вол Стрит. По ова следува "рационализирање на трошоците" на компанијата што во основа значи отпуштање на дел од 434.000 работници. Прво почнаа со Индија, каде што имаат околу 100.000 работници.

Отпуштањата се дел од "Resource Action" односно ребалансирање и се очекува на ниво на ИБМ во цел свет да бидат отпуштени околу 13.000 лица.

Во Индија биле отпуштани луѓе од сите нивоа, од обични вработени до менаџери. Сите откази биле инстантни. Ова се дел од пораките што ги испратиле вработените на ИБМ Индија, откако дознале дека се отпуштени.

Денес е објавено се кратат работни места во Индија СТГ, вклучувајќи и менаџери. Се бара да ги вратиме лаптопите во рок до 2 часа и да го напуштиме објектот.

СТГ Бангалор буквално е претворен во кланица. Неколку вработени се повикани на состанок и биле "ребалансирани."

Од нив било побарано веднаш да ги напуштат канцелариите. Пакетите за оштета се околу 3 месеци основни ставки за плата, што во основа е како плата за 6 полни недели.

Намалени се:

- Истражување и развој на полупроводници за 40%
- Процесори за 15%
- SRAM за 80%

Ребалансот се очекува да трае до петок.

Луѓето се разочараа кога го видоа нечовечкиот третман.

Лаптопите беа конфискувани заедно со чантите, па неколку вработени плачеа додека излегуваа од зградата носејќи ги своите лични предмети во двете раце.

Други го пишаа следното:

"ИБМ денес започна со масовно отпуштање во СТГ Бангалор, отпуштајќи над 40% од своите вработени во еден ден. Без разлика на која позиција се, од луѓето се бараше веднаш да го напуштат објектот на ИБМ."

 

"Започна RA во STG Бангалор, слушам дека ова ќе влијае на голем број вработени. Ќе ве информирам за деталите кога ќе имам нешто ново. Пазарот на труд во моментот е добар, а просечното искуство на отпуштените е околу 6-7 години. Луѓето не се загрижени. На најголемиот дел и онака им беше смачено од компанијата и нејзината ужасна политика."

 

"Денес генералниот став тука е, ако си се уште во ИБМ тоа значи дека не си нашол работа на друго место. Тоа значи дека IBM STG го сметаат за најлошото место да се биде во моментов. Ни сите од STG Индија би сакале да изразиме солидарност со вработените на ИБМ САД кои се подготвуваат за претстојното ребалансирање кај нив. Нека ни веруваат дека и ние кои останавме не се чувствуваме ништо подобро заради тоа што се уште сме вработени на ИБМ. Портите се отворија и предвидуваме дека ќе ги изгубиме сите натпросечни вработени во следните 3 месеци."

13 февруари 2014 - 16:56