Дејвид Шинг - Дигитален пророк во АОЛ
Работата на Шинг буквално е да ѝ предвидува на компанијата што ќе се случува во дигиталниот свет. Предвидувањата не мора да му се остварат.
Валентин Уховски - Моден евангелист во Тамблр
Освен што позира за хипстерски фотки, Уховски официјално работи на обезбедување адвертајзинг врски за компанијата. Во досадната верзија тоа би се викало акаунт менаџер, ама не, тој е моден евангелист, официјално.
Ендрју Голис - најмен претприемач во Атлантик
Претприемачите обично отвораат нови бизниси, започнуваат возбудливи проекти. Голис тоа треба да го работи за една компанија. Да идентификува нови авантури и платформи кои можат да ѝ помогнат на компанијата. Бизнис инсајдер посвети цела статија за да го демистифицира терминот "најмен претприемач,", но не баш успешно.
Метју Шуп - најмен хакер во Линкедин
Нормално, супер -тајно е тоа што го работи. Мистеријата секогаш е добредојдена. Во едно интервју открива дека работел на DropIn, игра иста како Тетрис само што паѓаат профилни слики од Линкедин. Браво.
Џен Лим - Во оригинал гласи: Chief Happiness Officer во Delivering Happiness
Нејзината компанија е формирана во 2010-та и има за цел да "ја промовира среќата на работното место, заедницата и секојдневниот живот". Е, па, таа е шефот.
Нејтан Јургенсон - "Истражувач" во Снепчет
Знаеме што е Снепчет и баш затоа не ни е најјасно што таму би правел истражувач. Знаеме дека Нејтан пишува фенси блог постови и одвреме- навреме ќе затвита нешто од типот: Consequence and meaning, indeed!
Вилијам Банс - Шерпас за иновации во Мајкрософт
Шерпаси се оние вредни локалци кои на алпинистите им помагаат да ги искачат хималајските врвови од своите соништа. Толку. Има и предавања како се станува шерпас за иновации.
Кали Швајцер - Директорка за дигитални иновации во Тајм
Самата оваа позиција може да се смета за дигитална иновација.