До неодамна, бастион на помпезните работни титули и фејк занимања беше светот на адвертајзингот. Ранери (оти 'потрчко' не го личи), офис менаџери (оти ако е секретарка мора да се вика Љубица), акаунти, бренд експерти... Ама, во однос на тоа што сè како позиција постои во дигиталните компании, адвертајзериве стануваат олд скул.