Резултатите од кампањата се: еден корисник доби 1,5 милиони долари (добитникот го објави Џон Красински на Џими Кимел), а Esurance на Твитер го доби следното:
- 5,4 милиони пати е употребен хаштагот #EsuranceSave30
- над 200.000 твитови на овој хаштаг во првата минута по објавувањето.
- хаштагот е искористен 1,4 милиони пати во првиот час, и 4,5 милиони пати во првите 24 часа.
- 2,6 милијарди импресии на Твитер.
- 332.000 прегледувања на рекламата на ЈуТјуб.
- 261.000 нови следбеници на официјалната Твитер сметка на Esurance (скок од 3000%).
- 12 пати поголема посетеност на сајтот на Esurance во првите часови од наградната игра.
Натпреварот за 1,5 милиони долари започна со емитувањето на рекламата по Супер Боул и траеше во следните 36 часа. Дечкото што победи имаше пратено вкупно 1 твит.