Студиите се на Рајс Универзитетот и на Универзитетот од Северен Тексас. Во првата само 13,5% од мажите сакале да бидат во врска САМО со жени пониски од нив. Наспроти мажите, речиси половина од жените (48,9%) сакале да имаат врска САМО со повисоки мажи од нив. Во второто истражување, во истите категории кај мажите е 37%, а кај жените е 55%.
"Како девојка сакам истовремено да се чувствувам нежно и безбедно. Некогаш се чувствувам чудно околу помислата 'да гледам надолу' кон очите на мојот дечко. Исто така треба да се спомне дека има нешто и во тоа да можеш да носиш високи штикли а и понатаму да бидеш пониска. Исто така сакам кога го гушкам да му се обесам за врат," изјавила една од девојките во студијата, висока околу 160 сантиметри.
Според првиот човек на студијата, резултатите се последица на традиционалните очекувања на општеството и стереотипите кај половите. Тој објаснува дека висината обично е предност кај мажите, меѓутоа не и кај жените. Генерално, висината повеќе им била важна на жените кои го подржуваат патријархалниот систем.