Последната тајна на Филип Сејмор Хофман

Цената на држење огледало на оние кои не можат да поднесат да се видат.

Имав два спротивставени но комплементарни одговори на веста дека Филип Сејмор Хофман неочекувано почина од предозирање со дрога на возраст од 46 години - два одговора, кои не се поврзани со тоа колку беше ужасен и проклето добар.

Првиот беше дека нема шанси Хофман да умрел со шприцот се уште во неговата рака - нема шанси актерот кој донесе така пребирливо достоинство во неговото претставување на најочајните ликови да си дозволил самиот себеси да умре така сурово разоткриен.

Вториот е секако дека тој умре на така беден начин - како поинаку требаше Филип Сејмор Хофман да умре? Нема актер, на нашето време кој повешто сугерираше дека сите ние сме збир на нашите тајни... ниту еден актер кој подобро ни го кажуваше она што тој го знаеше, дека кога секој од нас ќе се врати сам во нашата соба, повеќе ништо не е сигурно. Тој го користеше тоа што беше достапен за да ги глуми луѓето кои се неприфатливи, посебно за самите себе; всушност, целата негова кариера е создадена како превентивна молба за прошка на оние кои се доволно несреќни да треба да го чистат она што тој - и ние - го имаме оставено зад себе. Единствениот начин на кој Филип Сејмор Хофман можеше да умре во манир поконзистентен со ликовите кои ги создаде ќе беше ако тој починеше од еротско самозадавување.

И екстремноста на овие два одговора мислам дека беше суштината на уметноста на Хофман.

Тој често пати глумеше морничави ликови, меѓутоа ретко ги глумеше морничаво. Негов занает беше човечката самотија - од ужасен некинематографски вид, која е многу малку поврзана со хероизмот, и се базира на секојдневната емпатија - и неопходната проколнатост на човековото самопознавање. Тој им држеше огледало на оние кои не можеа да поднесат да се видат себеси и нè канеше не само да ѕирнеме туку и да видиме некого што познаваме. Тој глумеше измамници кои знаеа дека се измамници, сплеткари кои знаат дека прават сплетки, прикриени хомосексуалци кои може само да офкаат фрустрирани од љубовта и ангели кои можеа да го издржат најлошото што животот може да им го создаде бидејќи знаеа дека најлошото е само почеток. Она што ги обединуваше сите овие улоги беше стоичката смиреност што тој им ја носеше, мислата која нè осигуруваше дека без разлика кого го глуми Филип Сејмор Хофман, самиот Филип Сејмор Хофман беше заштитен.

Тоа е она што го мислев, сепак - читајќи ги првите извештаи за неговата смрт бев изненаден дека тој се борел со зависност, бидејќи секогаш ја сметав умешноста на Хофман како резултат на неговата одделеност, и претпоставував дека тој живее под мотото на Флобер, да се живее примерен живот за да може да биде насилен и оригинален во своите дела. Меѓутоа не требаше да бидам изненаден, и - еве уште еден контрадикторен и комплементарен одговор - не бев. Никогаш не го запознав Филип Сејмор Хофман, никогаш не знаев некој што го знае него, никогаш не прочитав пасос од магазин со неговиот профил. Сè што знаев е дека тој е карактерен актер кој се приближи до станувањето филмска ѕвезда колку што тоа може да го направи актер кој толкува карактерни ликови, и дека тој има глумено главна улога во повеќе холивудски филмови од кој било друг прасест, пегав, црвен човек во човечката историја. И тоа, на свој начин, е сè што јас, или кој било друг, треба да го знае.

Живееме во златното доба на карактерните актери - во доба кога од актери кои го минале своето време во ваквите улоги, често се бара да ги носат мрачните филмови и компликуваните телевизиски драми. Линијата меѓу карактерен актер и филмска ѕвезда полека се брише - барем во уметноста, ако не и во животот. Во животот е поинаку, бидејќи "филмските ѕвезди" остануваат не само производ на нивниот изглед и шарм, туку и еден вид општествена конструкција, со многу прецизно одредени општествени обврски. Карактерните актери како Филип Сејмор Хофман и Џејмс Гандолфини се најдоа себеси добивајќи се повеќе и повеќе главни улоги бидејќи на платното им беше дозволено да се однесуваат на начини на кои Џорџ Клуни и Мет Дејмон никогаш нема да можат. Меѓутоа некои од овие дозволи се префрлуваат и надвор од платното и тука гледаме колку чини тоа: всушност ние плаќаме за да гледаме луѓе кои личат на нас само кога ќе не убедат дека тие живеат во психички простори кои ние никогаш не би можеле да ги издржиме... освен, секако, ако успееме да ги издржиме.

Дали Мет Дејмон некогаш ќе биде најден мртов со шприц што виси од неговата рака? Дали Џорџ Клуни ќе умре од јадење? Не, заради едноставната причина дека тие двајца имаат премногу да загубат. Меѓутоа тие нема ниту да си дозволат Ејми Адамс така тажно да им го издрка, како што тоа го направи Филип Сејмор Хофман во The Master, или толку далеку исползат во нивните мртви очи како што тоа Џејмс Гандолфини редовно го правеше во Сопранови. Големите карактерни актери сега се актери чија работа има елементи на ритуална жртва која некогаш беше резервирана за ДеНиро-овците на овој свет, како и елементи на опасност - актери кои се уште нè возбудуваат со своето банкротирање. Затоа не треба да нè изненади кога тие ќе се расипат, или ќе излезе дека биле расипани. RIP.

виа
Том Џунод
Ескваер

3 февруари 2014 - 16:30