Последните анкети низ Кина покажуваат дека "не комерцијалното" неверство во земјата има сериозен раст и сето ова почна повеќе да излегува во јавност по последните акции против корупцијата во земјата.
Имањето љубовница во Кина преставува статусен симбол, бидејќи самото имање жена на страна претпоставува дека за неа треба да обезбедиш: луксузен стан, убава облека и пари за трошење. За возврат добиваш ексклузивност во однос на сексот, константно дотерана и беспрекорно средена жена која ќе те дружи како по дома, така и на бизнис средби или социјални дружби.
Дејли Бист ја пренесува приказната на Ирис, 20-годишна студентка која во Шангај станала "статусен симбол":
"Порасната е во мал град во внатрешноста на Кина. Освен учење и дружење со врсниците, таа сега е во врска со 40-годишен, донекаде успешен, оженет маж. Таа од ова добива: внимание од дечкото и месечен џепарлак, ја носи на шопинг и и праќа шофер да ја земе после часови.
На Ирис и е јасно се околу нивната врска. Таа не гледа некоја заедничка иднина со него и знае дека раскинувањето ќе биде неизбежно. Меѓутоа подеднакво е песимистична и околу врски со мажи на нејзина возраст, кои според нејзини зборови 'не знаат ништо и цело време бараат внимание. Зошто да не бидам разгалена од некој кој има материјални средства за да ми ги отвори очите и да ми ги прошири хоризонтите,' изјавила девојката.
Ирис ги добива материјалните работи што ги бара, нејзиниот љубовник го добива друштвото на млада убава девојка и остава впечаток на материјален успех. Од надвор двајцата се среќни. Па што е проблемот?"
Инаку, воопшто не станува збор за евтино хоби. Кинеските швалерки очекуваат подароци како - стан, вила, или десетици илјади евра вредни чанти од Луј Витон и Хермес. Кај помладите љубовници, речиси редовна појава се црни лимузини кои ги чекаат пред нивните факултети.