Податоците се само за бикини изданието, не за целиот Спорт Илустрејтед магазин.
- Swimsuit Issue претставува империја вредна 1 милијарда долари.
- Годишните приходи од списанието се 40 милиони долари.
- Изданието ќе го прочита секој трет Американец.
- Изданието ќе има повеќе машка публика на возраст од 18 до 34 години, отколку Супер Боулот.
- Годишните приходи од реклами на изданието се меѓу 40 и 50 милиони долари, што е 7% од вкупните годишни приходи од реклами на Спортс Илустрејтед.
- Просечната продажба во трафики ќе надмине 1 милион примероци. Ова е 10 до 15 пати повеќе отколку продажбата на просечното издание на Спортс Илустрејтед.
- Ова е најпродаваниот број на кое било списание под Time inc.
- Најголем тираж во историјата на Swimsuit Issue, го има магазинот од 1989-та. Првиот број излегува во 1964-та.
- Кејт Аптон беше на насловната во 2012-та и 2013-та. Само два модела имаат три последователни насловни: Кристи Бринкли (1979-та, 1980-та, 1981-ва) и Ел Мекферсон (1986-та, 1987-ма, 1988-ма.).
- Во изданието за 2014-та, Мател купи реклама на 4 страници. Сумата не е позната.