На листата на 25-те компании кои најмногу ги плаќаат стажантите, 18 се од Сан Франциско, а 19 се занимаваат технологија, останатите 6 се во бизнисот со нафта, гас и останати видови на енергија.
Под "најмногу" се подразбира дека ако просекот во САД е околу 53.000 долари годишно, овие стажанти за својата работа добиваат околу 73.000 долари годишно.
На темава број еден во САД е софтверската компанија Палантир која за стажирање плаќа 7.012 долари месечно. По нив е VMWare со 6.966 долари и Твитер каде стажантите добиваат по 6.791 долар месечно.