Аргументот против плаќањето за женска контрацепција е - зошто јас да плаќам за нечии животни избори (односно што сака да има секс)? Аргумент против давање пумпи за пенис со "сини картони," до сега никој нема дадено.
Според извештајот на американското министерство за здравство, во периодот од 2006-та до 2011-та, американскиот фонд за здравство ги покрил трошоците за 474.000 пумпи (360 долари од парче).
Годишните трошоци за овие уреди во 2006-та изнесувале 20,6 милиони долари, за во 2011-та да пораснат на 38,6 милиони долари.
Според претставничката на NARRAL (National Abortion and Reproductive Rights Action League), многу е веројатно дека ваквата неправда се должи на тоа што одредени конгресмени имаат директен интерес пумпите да бидат опфатени со здравствена заштита.
The Daily Show
Get More: Daily Show Full Episodes,The Daily Show on Facebook