Три канадски порно канали не успеале да го исполнат минимумот (што важи за секоја телевизија) од 35% канадски содржини. Според правилата на CRTC (Canadian Radio-television and Telecommunications Commission) програмата треба барем делумно да биде напишана, продуцирана или презентирана од "луѓе во Канада," со цел да се засили локалната индустрија и да се прикажат канадски содржини.
Заради прекршување на ова правило 3-те канали Adult Movie Channel, XXX Action Clips и Maleflixxx, ќе мора кон крајот на април да се појават на сослушување на кое ќе биде одредено дали нивните лиценци ќе бидат обновени.
На страна сеирот што го дочека одлуката на CRTC, весникот Globe and Mail објави "За разлика од ситкомите и драмите, кои имаат потенцијал да се исполнети со значење кое придонесува во општествениот разговор, порното е генерички производ чие национално потекло е подеднакво неважно како и потеклото на вибратор." (Како што знае секој добро упатен, овој став важи се до првиот момент кога ќе изгледаш јапонско порно.)
CRTC има и втора забелешка до порно каналите, а тоа е дека нивната програма најчесто нема титлови за лица со проблеми со слухот.