Денес пушат 19 проценти од возрасните Американци. Во 1965-та година, процентот изнесувал 42 процента.
Пушењето не е веќе доминантно и во други земји какви што се Канада, Мексико и Исланд.
Генерално, во последните 30 години кај мажите процентот е опаднат за 10 процентни поенти (денес 31 %, во 1980 - 41%).
Жените се откажуваат полесно и нивниот број е речиси преполовен (од 11 на 6 проценти).
Како што се гледа од картата, Македонија, Грција и Бугарија се земји кои засега остануваат недопрени од ваквите трендови. Но, и Русија, Франција и Австрија не се многу подобри.
Во последно време благо засилување меѓу пушачите е забележано во Шведска, Белорусија и Мексико, а опаѓа во САД, Унгарија и Аргентина. По број на дневно запалени цигари по човек, Суринам е врв.
И покрај опаѓањето на процентот на пушачи, бидејќи светското население постојано расте, денес сепак има повеќе пушачи отколку порано.Во 2012-та чуреле вкупно 967 милиони луѓе, наспроти 721 милиони колку што ги имало во 1980-та.
Кликнете на линков до една интерактивна мапа на која можете да ги следите промените во оваа област.