Приходите од нелегална проституција сериозно се разликуваат од град до град. Така во Атланта годишно се прават 290 милиони долари од овој бизнис, додека во Денвер за истиот период се заработуваат 40 милиони долари.
Истражувањето открива дека 4 од 5 макроа воопшто не се заинтересирани да имаат каква било работа со дрога, а дека во бизнисот со детска порнографија има многу малку пари (само заради тоа што има многу бесплатна детска порнографија).
Иако добро заработуваат, учесниците во индустријата и прилично брзо ги трошат парите бидејќи имаат големи расходи (макро од Сан Диего платил 24.000 долари за престој во хотел, а друг потрошил 4.000 долари за еден викенд купувајќи за своите вработени). За разлика од другите пазари (фалсификувана стока, продажба на дрога или оружје), во трговијата со секс се уште преовладуваат малите бизниси. Просекот е околу 5 вработени по макро.
Генерално макроата се повеќе освестени на тема интернет и бизнис од останатите индустрии, па околу 50% од нив го користат интернетот за промоција на своите услуги, а околу 25% ги наоѓаат своите вработени преку интернет.
Најчеста причина за влегување во овој бизнис (како за макроата, така и за проститутките) е сиромаштијата, а околу 30% од интервјуираните веќе имале некој роднина кој го работи ова.
Целата студија е спроведена од Департманот за правда и опфаќа само 8 градови (Мајами, Далас, Вашингтон, Денвер, Сан Диего, Сиетл, Атланта и Канзас сити) во периодот од 2007-ма до денес. За истражувањето направени се 250 интервјуа со полицајци, адвокати, проститутки, макроа, трговци со луѓе и педофили. Од неа комплетно се исклучени корисниците. Според експерти кои не учествувале во студијата, ова е досега најдобрата проценка за финансиското влијание на трговијата со секс.