"Јас сум горда Американка"

Американската водителка на телевизискиот канал Russia Today - America во живо даде отказ. Проблемот настана откако таа во програма ја осуди руската интервенција во Крим а надележните потоа и предложија да ја испратат деловно на Крим за да се запознае одблиску со ситуацијата.

Лиз Вал до вчера беше речиси безначајно име на американската медиумска сцена но ја искористи актуелноста на украинската ситуација и сега ги крчми 5-те минути на својата слава.

Таа ја (зло)употреби својата позиција на водител на вестите на американската филијала на Russia Today и ненајавено во живо даде отказ од куќата.

Како новинар во оваа мрежа се соочував со многу етички предизвици, осоебно лични бидејќи доаѓам од семејство чии предци дошле овде како бегалци од Унгарската реолуција, иронично, за да избегаат од Советските сили. Среќна сум што растев во САД, ќерка сум на ветеран и не можам да бидам дел од мрежа која ги оправдува постапките на Путин. Горда сум што сум Американка и верувам во ширење на вистината и затоа после ова давам отказ

По отказот во живо, следел прилог за тоа како новата украинска власт која го симна Јанукович е составена главно од фашисти и нео-нацисти.

По првичниот скандал кога Вал во програмата на Ryssia Today - America ја осуди интервенцијата на Путин во Крим, нејзините шефови ѝ предложија да ја испратат на лице место за одблиску да се запознае со ситуацијата која сака да ја коментира.

Македонските новинарски асоцијации ЗНМ и МАН не го коментирале случајов но не би било тешко да се предвидат нивните реакции. ЗНМ би издал соопштение во кое би се велело дека ова е само уште еден сигнал за притисокот врз новинарите и доказ за вистинитоста на јавната тајна дека "Долга е раката на Путин" а МАН веројатно би соопштил дека секој новинар има право да се приклони кон уредувачка политика каква што му одговара но дека отказот им личи на сомнителна анти-руска субверзија диригирана од промотерите на американскиот колонијализам.

6 март 2014 - 10:03