Инстаграм: Како се заработува 15.000 долари во еден ден?

Човек видел дека на сметка му останале само 90-тина долари. Решил да ги понуди за продажба сликите кои ги споделувал на фото сервисот ИНстаграм. Му тргнало.

Во деловна смисла, Инстаграм е уште една фина алатка за поврзување на брендовите со нивните корисници. Остатокот од таа приказна е личен; кој споделува храна, кој мачиња, кој некое трето хоби или фетиш.

Не и Даниел Арнолд кој завршил со 15.000 долари на своја сметка за само еден ден. Тој е фотограф од Бруклин кој пред некое време видел дека на својата банкарска сметка има само 90,3 долари.

Решил да се сврти на Инстаграм и на своите тамошни 22.000 следачи им ја пуштил оваа порака:

Здраво, само што наполнив 34 години. Само денеска ги продавам моите 4X6 принтови од мојата Инстаграм архива. 150 долари парче. Се колнам дека веќе никогаш нема ништо да продадам волку ефтино. Нека ми е среќен роденден. Парички-марички, ве сакам сите.

Тоталот веќе го кажавме. Според Форбс, еден од купувачите бил подготвен да плати по 1.000 долари за секоја негова фотографија која имала повеќе од 100 лајкови.

8 март 2014 - 11:59