Чиш-та работа

Сан Франциско проблемот со мочање на јавни места го претвори во згодно решение. Или, како сред град можете да се олесните и со блажена фаца да си ја пеете: Градинарот цвеќето го расте.

Лесно е да забраниш уринирање на јавни места ама оди ти тоа спроведи го, особено во градови полни со течни задоволства. Тоа добро го знае Сан Франциско чии служби не можеа да ги исперат улиците и парковите, наспротив високите казни и до 500 долари.

Решението градот го виде во тнр Пи Плантер, систем кој лесно се монтира и не само што врши работа и не мириса туку помага за зеленилото. Накратко човек влегува внатре, дискреција има, завршува работа а течноста заедно со водата од миењето раце оди во канистер од кој се наводнуваат билките кои ги разложуваат сите елементи што предизвикуваат непријатни мириси.

 

5 март 2014 - 16:45