Советот е од поранешниот новинар на СиЕнЕн, Франк Сесно, кој се појави една од емисиите на телевизиската мрежа во врска со исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлјанс. Тој го оправда начинот на кој телевизијата го покрива настанот, бидејќи според него ова е првото место на кое луѓето ќе свртат за да видат што се случува на темата.
Сепак Сесно предупредува дека тие веќе се на граница и дека треба малку да олабават со користење на терминот.
"Големата опасност со која секогаш се соочува СиЕнЕн - а со неа се соочува уште од времето кога СиЕнЕн почна да емитува 24-часовни вести - е колку гласно да вика, колку да го прави ова, колку 'вонредни вести' навистина се вонредни вести, и како на публиката да и ја пренесеш оваа голема приказна," објасни Сесно во интервју.
Во првите денови на кризата (и покривањето на истата) рејтингот на СиЕнЕн во прајмтајм порасна за 67%, а тој и понатаму е на повисоко ниво од вообичаеното и покрај тоа што минаа повеќе од 10 дена од исчезнувањето на авионот.