* Мормоните со универзитетско филмче од типот "Saving Private Ryan" и генијален наслов "Ранетите на бојното поле" во кое ранетите се оние кои потклекнале на овој импулс за самопомош.
"Непријателот вика: Не се мешај, не е твоја работа. Но, браќа и сестри, не ги оставајте ранети на бојното поле".
Видеото го објавивме овде.
* Јеховидите сведоци и нивното анти-мастурбирачко видео во кое најддобар детал е тоа што има превод за глувонеми. Верувајте, дури и ако не ги знаете симболите на овој јазик, веќе во првите секунди на видеото ќе разберете која е темата на видеото.
* Луѓето од Passion for Christ Movement (P4CM) дизајнираа маица со која на цел свет можете да им покажете дека сега имате потполна контрола на своето либидо. Маицата Екс Мастурбатор беше придружена со неколку слични изјави од типот "Ex-Fornicator," "Ex-Diva," "Ex-Slave," "Ex-Atheist," и "Ex-Hypocrite".
* Цели 6 години откако беше објавена, Ватикан се вознемири од книгата Just Love: A Framework for Christian Sexual Ethics на сестра Маргарет Фарли во која се велеше дека мастурбирањето не е етичко прашање. Возбудата одеше до високо ниво, до телата на Ватикан кои се занимаваат со доктринарни прашања кои решија дека сестра Фарли ја грешела работата.
* Моралните крстоносци неретко го поврзуваат мастурбирањето со хомосексуалноста. Едно од најпростите објаснувања на оваа врска го даде пасторот Марк Дрискол: "Мастурбирањето е хомосексуален чин бидејќи во чинот не постои жена. Ако маж го прави тоа додека е интимен со жена, тоа веќе не е хомосексуално".
* Водачот на еден католички огранок во САД сфатил дека никој нејќе да зборува за своите проблеми со себезадоволувањето бидејќи свештениците прелесно го осудуваат тој чин. Затоа отвори веб сајт (Pornonomore) на кој искушениците можат подлабоко да се запознаат со корените на своите маки.
* Повеќето религиозни групи за одвикнување од мастурбација се однесуваат на мажи. Тоа го сконтала извесна побожна активистка од Канзас. "Ќе се зачудите колку жени ја имаат ова длабока, црна и валкана тајна", вели Кристол Ринод. Патем, за рехабилитација на жените таа користи искуства од еден нешвилски центар кој наплаќа 1.400 долари за одвикнување.