Кучето од 2 милиони долари е високо 80 сантиметри и е тешко околу 90 килограми. Новиот сопственик е 56-годишен градежник, кој планира и тој да почне со одгледување на кучиња.
Оваа сорта, која ја продаваат како "куче со лавовска крв," во последно време преставува статусен симбол меѓу кинеските богаташи. На саемот било продадено уште еден тибетански мастиф по цена од околу 1 милион долари. Шпекулациите се дека одгледувачите на тибетанскиот мастиф имаат меѓусебен договор за зголемување на цената на кучињата.
Инаку ова е сортата со која дел од македонските одгледувачи на шарпланинци во последните десетина години ги парат кучињата за да добијат поголеми примероци на шарпланинец.