Видео спотот на Дејвид Боуви Let's Dance лани наполни 30 години. Спотот сè уште добро се држи ама не и местото во кое е сниман. Една џенем австралиска локација на која сушата и други бељи им го има десеткувано населението, па не турист, туку оса не им влегува. Ама сега планираат да живнат малку, пак со помош на Боуви.