Продуцентите прво бараат ѕвезда на серијата, главен лик со доволно харизма за околу него да се изгради целото шоу. Останатите ликови се луѓе кои се негови вистински пријатели, а понекогаш се најмуваат и актери кои би ги пополниле ликовите што продуцентите сметаат дека треба да ги има.
Пример во "Here Comes Honey Boo Boo" главните ликови навистина се семејство, ама луѓето и ситуациите кои се случуваат се комплетно наместени. Во шоуто "Pawn Stars" (за типот што има продавница за оставање залог), ликовите што се појавуваат да заложат некој предмет прво минуваат низ аудиција, на која се избираат најинтересните поединци со најинтересните предмети.
"Програмите на кои имам работено во најголем дел се со натпреварувачки гејм-шоу формат (се разликуваат од регуларно гејм-шоу кое не смее да се намести). Јас сум хонорарец кој го најмуваат да пишува 'обработка,' која во основа е сиже на идејата за некое шоу кое продуцентите им го претставуваат на директорите на телевизиските мрежи. Ако обработката пројде, тогаш некогаш ме викаат и на состаноците за пишување на епизоди. На пример: 'што ако наидат на остатоци од анархистичка работилница за правење бомби и потоа БУУУУМ! Експлозија?'" пишува анонимната авторка во својот текст за xojane.com, која објаснува дека таа е платена без разлика дали телевизијата ќе го прифати шоуто или не.
Целата работа и е крајно интересна на жената, бидејќи е платена да биде смешна и да измислува сценарија, плус кабелската телевизија и е основа за намалување данок (бидејќи и е неопходна за работа) и за цело ова време многу учи и открива работи кои никогаш не би ги сретнала.
"Во последните неколку години прегледав еден тон информации за микро-пивари (а не пијам), за касапи (а вегетаријанец сум), кошарка, американски фудбал и бокс (а мразам спорт), чистачи на сцени на вистински убиства (ова беше фасцинантно), подводни ископувачи (и ова е бизнис), колекционери на егзотични риби и миленичиња (одвратно), пијани возачи и слично... Сето ова е за шоуа кои никогаш не беа направени. Да, многу пари се трошат на програма која никогаш нема да стигне на малите екрани. Па ако мислите дека она што сега го има на телевизија е лошо, замислете ги идеите кои се одбиени уште пред да се снима пилот епизодата.
Дали придонесувам за идиотштината во нашето општество? Можеби. Сите ние гласаме по основа на нашите гледишта - или недостатокот на истите. Со тоа што пишувам за пари, не стигам да ги споделам моите феминистички гледишта на светот, ама вреди што некогаш успевам да ги протнам," објаснува сценаристката.