„Реално“ шоу по логиката на нештата би требало да ги рефлектира реалните преокупации на продуцентите и гледалиштето. Ако кај нас тоа е „Големиот брат“ (уште ли се дава тоа?), што ли кажува за Холанѓаните кај кои од минатиот месец хит е шоу во кое луѓе се натпреваруваат во - сликање во стилот на мајстори од 17 век?
„Следниот голем американски автор“ е име на шоу кое по вообичаениот натпреварувачки терк за готвачи или цвеќари се очекува да го открие она што го најавува и ветува - новиот голем американски (а со тоа и светски) автор на бестселери.
Колку треба да имаш среќа во конкуренција на 22.000 деца да победиш на натпревар кој ќе ти обезбеди договор со трикраниот европски првак и тоа токму во најубавите времиња кога играа Ето, Пандев, Милито, Снајдер, Занети.
Пластиката на Холивуд е името на ново реално шоу со 12 ликови во основа познати по својата способност да не им е гајле колку пластика имаат во себе и како изгледаат. А до тоа како излгедаат, ве дели еден клик.
Рамзан Кадиров е човек кој ветува и остварува, без разлика колку е лудо тоа што го ветил. Пред некое време најави ќе одбере топ помошник преку реално шоу и го избрал. Ене го победникот, се спрема да биде шеф на државната агенција за стратешки развој.
Чеченскиот претседател најави дека ќе избере помошник преку телевизиско реално шоу. Ќе имало свадба, 24 часовни задачи, ќе се снима по планини, само за да се одбере "најдобриот помошник за најдобриот претседател".
Само минатата година на американските телевизии канали се имаат појавено 350 нови шоуа без сценарио (а.к.а. реално шоу). Забелешката на критиката е дека сето тоа сепак е по сценарио, забелешката на тие што работат на овие програми е "со среќа ако мислиш дека можеш ѕвезда од реално шоу да ја натераш да направи што било по сценарио."
Неодамна пишувавме за интересна интерактивна француска серија, како и за бизарно германско реално шоу. Телевизијата како медиум очигледно почнува да станува интересно поле за креација. Таков е и еден ТВ жанр во зародиш, кој заради некоја причина е наречен „фејкување".
Реално телевизиско шоу на France 4, кое ја комбинира фикцијата со учество на публиката во креирањето на содржината, која и тоа како има врска со актуелните состојби во политиката. „Анархија" е благ збор за она што може да се случи ако нешто слично се направи на некоја од нашите телевизии.
Реалното шоу "Pawn Stars" е една од најгледаните програми на Хистори каналот (ако веќе зборуваме за криза на идентитетот), со стандарден формат од околу 30 минути сосе реклами и што ќе се случи / што се случи, пред / после рекламите. Некој седнал и ги тргнал сите делови што служат само за пополнување време. Без нив секоја емисија има 3 минути материјал.
Шоу од типот на Поп идол или Икс фактор, во кое учесниците пишуваат и рецитираат своја поезија, а 70 милиони луѓе со невидена возбуда ја очекуваат следната епизода. Не е кромид, ова навистина постои.
Она што е реално околу овие шоуа се главните ликови што ги гледате, кои навистина се такви карактери. Не се реални ситуациите во кои се наоѓаат и дел од текстот.
Ги знаете оние емисии, кога ќе им дојдат на врата и ги снимаат како реагираат на некаква вест. Што би можеле да ви кажат за да ви се сврти во глава, да барате сто пати да ви се повтори за да поверувате, и на крај да отворите шампањ? Пример...пет сигма на точка два?
"The Voice" е еден од талент натпреварите налик Икс-Фактор или Идол. За да учествуваш во него потпишуваш договор во кој единствено душата не ти ја бараат. Бонус, ако некому спомнеш што има во договорот, казната е околу 1 милион долари.
Додека јавноста е шокирана од девојката која во реално шоу изгуби 60 проценти од својата тежина, поранешен учесник во популарното шоу во кое победува оној кој ќе изгуби најмногу килограми проговори како е навистина да се биде во едно такво шоу: "Исто како во затвор, само што сите цимери се дебели"
Од прост и едноклеточен телевизиски производ, реалните шоуа почнаа да еволуираат и да опфаќаат по две траш теми - како бремени тинејџерки чии мајки во исто време се трудни.
Не само што ве излудуваат од што се глупи, туку реалните шоуа навистина ве излудуваат, како ментална болест. И за сето ова е виновно "Шоуто на Труман."