Најновото реално шоу на TLC "обработува" теми од типот како е да се стане баба, додека и самата очекуваш бебе. Во "My Teen Is Pregnant And So Am I" се следи животот на два дуета мајки и ќерки тинејџерки кои истовремено се бремени.
Едниот дует е 17-годишна ќерка со 36-годишна мајка (чија што мајка имала 18-години кога ја родила), а другиот е 17-годишната Кристин и 40-годишната Мелиса која го очекува своето 8-мо дете.
Шоуто го следи двата пара низ нивната бременост, пораѓањето и периодот по бременоста.
Еден од најголемите проблеми на тинејџерките мајки - што не биле само они во центарот на вниманието на целото семејство.