Самиот Џорџ Р.Р. Мартин признава дека е сосема свесен дека серијата се движи побрзо отколку книгите, ама има седнато и разговарано со креаторите на шоуто за опциите за понатаму. Авторот мисли дека имаат решение.
"Сезоната што почнува ја покрива втората половина од третата книга. Третата книга (A Storm of Swords) е толку долга што мораше да биде поделена на два дела. Ама по неа има уште две книги A Feast for Crows и A Dance with Dragons. Значи потенцијално имаме уште за три сезони ако овие две книги ги поделат како A Storm of Swords.
4-та и 5-та книга се случуваат симултано. Затоа не можеш Гозбата а потоа и Танцот да ги направиш како што јас ги правев. Мора да ги комбинираш и да ги направиш хронолошки. Јас се надевам дека ќе го направат тоа, и многу пред да ме стигнат ќе бидам готов со The Winds of Winter (6-та книга) која ќе ми даде фора уште некоја година. Може да се случи да бидам во тесно со последната книга A Dream of Spring, додека тие се залетани со серијата," го раскажува Мартин планот за тоа како серијата да не ги стигне книгите.
Писателот размислува и за пауза во последната сезона како што тоа го направија Breaking Bad или Mad Men, а не е на одмет и една приквел сезона на целата серија. Проблем му е што во книгата времето минува многу бавно. Кога почна серијата Арија беше на иста возраст колку и Мејз Вилијамс (актерката). Сега Арија има 11, а Мејз наполни 16 години.