ПУБГ е ултра популарна видео игра низ свет (во основа е Фортнајт без дечурлана) и низ цел свет го навлекува гневот те на власти, те на душебрижници. Ова посебно е истакнато во Индија.
Глифосат е нешто за кое СЗО вика, баталете тоа, могуче да прави рак. А во развиени земји се користи толку масовно, што и да не го користите, ќе ви дојде преку дождот.
Инстаграм селебрити веганка (звањето сигурно одлично го личи на визит карта) со над 1 милион и 300 илјади следбеници е фатена на видео како јаде риба. Реакцијата од следбеници е отприлика како девојкава на видеото да го јаде сопственото дете.
Гледано од научна перспектива, без да се задира во другата страна, атеизмот е декларација, која нема никаква врска со научниот метод, барем така тврди теоретскиот физичар од Дартмут колеџот, Марсело Глејзер, кој 35 години е во оваа професија.
За да не треба да го пребродувате трауматичниот период на транзиција на вашите нови патики во не нови патики, Гучи од старт одлучи да продава патики кои изгледаат како да имаат километража.
Висок италијански функционер на владејачката Лига со години корне од пропагирање против задолжителното вакцинирање против сипаници, а минатата влада ја нарекуваше „сталинистичка“ затоа што терала задолжително вакцинирање. Што мислите од која болест моментално е заразен?
60% од личните пријави за банкрот во САД се должат на неможност да се платат добиени здравствени услуги. Човек некогаш ќе куртули и од рак, или барем ќе добие време во таа борба, само што тоа време ќе го минува снаоѓајќи се како да ги плати трошоците за лекувањето.
Водечки светски научнуици и етичари побараа да се воведе мораториум за генетско едитирање на човековиот ДНК, барем додека не се воспостават меѓународни стандарди за оваа технологија и не се одговори на бројните прашања и дилеми поврзани со оваа контроверзна тематика.
Индустријата која во 2017-та во САД вреди 2,6 милијарди долари, до 2023 се очекува да порасне на 3,9 милијарди долари, и тоа не значи дека прочистувачите на воздух функционираат, ниту пак дека не функционираат.
Конкретната категорија е: работи кои намерно сакаш да ги заборавиш, и излегува дека за нив мозокот повеќе се напнува отколку за работи што сакаш да ги запаметиш, ама не смее да се претера.
Надевајќи се дека ќе прибере што може повеќе од медицинските сестри што ќе ја напуштат Британија заради брегзит, Германија почна со кампањи за нивно привлекување.
Во приватна клиника сред Париз почина 65-годишниот милијардер трговец со дијаманти Ехуд Ланиадо. Причина за смртта е срцев удар, причина за неговото присуство во клиниката Ланиадо би сакал да се проблеми со срцето.
Иако Велигденскиот пост (а и другите) е многу подлабок и потежок обред од „а растителен кашкавал смеам да јадам? А какао ама чисто?“ сепак целиот испоснички колектив главно пази само на дијапазонот на храна. А не е проблемот дали се важи или не се важи.
Брзиот живот и шопинг зависностите го имаат скратено просечниот живот на едно парче облека на само две години. Така, вишокот облека создава повеќе CO2 од сите авиони и бродови заедно.
Многу ни е жал што ќе мора да ви расипеме мерак ама филмската сцена со вработен кој се концентрира со слушалки на уши и растура од работа е идентично веројатна колку која било филмска сцена од Авенџерс.
Со екстензивна студија во Данска се испитувало дали постои врска меѓу ММР вакцината и појавата на аутизам. Наше е да ви пренесеме дека нема. Н е м а. Ама се разбира, на Фејсбук сте виделе и поинаку што тврдат.
Два масовно големи американски брендови Котонел (тоалет хартија) и Волмарт неодамна пуштија реклами во кои во главна улога се геј мажи. И ова го имаше очекуваниот ефект - не толку во зголемување на продажба, колку во напнување на конзервативците и целиот добредојден скандал кој следуваше по ова.