Водата испарува на 270 децибели

Научници произвеле звук за кој тврдат дека е најгласниот можен зввук, толку моќен што ја испарува водата со која доаѓа во контакт. Сакате да чуете?

За жал, не може да се слушне (и онака ќе намалевте звучници) бидејќи експериментот е правен во вакуумска комора во која во тенок млаз вода (половина од дебелината на човечко влакно) удира уште потенок рентгентски ласер.

И подобро што не може да се чуе бидејќи се работи за 270 децибели, сериозно повеќе од досега најгласното лансирање ракета на НАСА при кое биле измерени 205 децибели.

Ефектите и јачината се следени со помош на ултра-забавени снимки. Горното видео е снимено за 40 наносекунди (40 милијардити дел од секундата) и на него се гледа како пулсирачки ласер инстантно ја преполовува водата, испарувајќи ја течноста која ја допира и праќајќи моќни потисни бранови под секој новонастанат млаз за во рок од 10 наносекунди да се создаде 270 децибели звук од меурчињата кои екслодираат во оние длабнатини на водата.

30 мај 2019 - 10:10