Во дел од внатрешната кореспонденција научниците на компанијата разговараат за тие да напишат научни истражувања во име на надворешни научници и како да ги потиснат истражувањата кои се спротивни на корпоративните тврдења за безбедноста на Раундап, средството за уништување на плевел и трева против кое се најголемиот дел од тужбите.
Освен научниците, на мета на компанијата се и новинарите, во она што Гардијан го опишува како „стратешка манипулација на медиумите“.
„Неодамна дознавме дека една млада жена која лажно се претставува како новинарка на Би-би-си на едно од судењата на Раундап за рак, всушност била консултантка за ’менаџмент на репутација’ од ФТИ Консалтинг, меѓу чии клиенти е и Монсанто. Жената минала доста време со новинари кои го покривале Хардеман вс. Монсанто судењето во Сан Франциско, преправајќи се дека известува од него додека истовремено на вистинските новинари се обидувала да им протурка поенти или приказни кои биле во корист на Монсанто,“ пишува во текстот за Гардијан, новинарот кој 12 години го покрива Монсанто, Кери Гилиам.
Еден од адвокатите што ги застапува тужителите во случајот против Монсанто, на Гилиам му изјавува дека открил таен проект на Монсанто насочен кон освојување наклоност од јавното мислење. Мерките што ги опфаќа проектот вклучуваат објавување наклонети вести во традиционални медиуми, дискредитирање и малтретирање новинари кои одбиваат да ја шират пропагандата на компанијата; тајно финансирање на групи кои ќе ја засилат про-Монсанто пораката на социјалните платформи.
Документите окриват дека стратегијата на Монсанто опфаќа оформување на Академикс ривју, организација која се претставува како независен аналитичар на научни трудови, инаку создадена со помош на поранешниот директор за корпоративни комуникации на Монсанто.
Слично е со Американскиот совет за наука и здравје, организација кој се претставува како независна, додека истовремено активно работи на кампања против новинарите и научниците кои се спротивставуваат на агендата на Монсанто. Во еден од објавените мејлови се наведува дека Советот бара „неограничена“ финансиска помош од Монсанто, а притоа како аргумент наведува го наведува своето влијание што го има на социјалните медиуми во корист на компанијата.
Монсанто ја дискредитира Меѓународната агенција за истражување рак (ИАРЦ) и нејзиното тврдење дека Раундап веројатно е канцероген, така што Монсанто својата верзија успева да ја протне до Ројтерс со помош на директорот на компанијата. Ројтерс има објавено уште најмалку две вакви стории поврзани со ИАРЦ. Сите овие стории подоцна се масовно споделени од погоре споменатите организации.