Сетете се на последниот пат кога сте имале заебана вечер: со партнерот се нема разбирачка, сметките не се платени, родителите звоцаат дека ги заборавате. Сега замислете го следното утро. Куси со сон и нерви, одите на работа и си монтирате насмевка. На другите да им изгледа дека сè е во најдобар ред со вас, иако, ништо не е. Замислете дека ја фејкате таквата среќа секој божји (работен) ден, без разлика на вашата емотивна состојба. Згора на се, замислете дека со сите кои ќе се среќавате така лажно насмеани ви се комплетно непознати луѓе.
Тоа е реалност на милиони луѓе од услужните дејности, од шанкери до продавачки и медицински сестри.
Во книгата „Менаџирано срце“ од 1983 година, социологот Арли Хочилд има сковано термин за овој исцрпувачки товар: емотивен труд. Денес тој термин опфаќа секаков непријатен, неплатен или на друг начин признат труд (обично на товар на жената) но оригиналниот социолошки феномен се однесува прецизно на емотивниот товар на оние кои работат во услужни дејности, од банкарски службеници до стјуардеси од кои се очекува да бидат насмеани и пријатни и во најстресни ситуации.
„Иако сакам луѓе и сум доста друштвена, бев комплетно исцрпена после една смена во Старбакс, и не разбирав зошто. Фацата ме болеше,“ се сеќава психологот Алиша Гренди која се занимава со тоа како луѓето се справуваат со своите емоции а неодамна спровела истражување на корелацијата меѓу употребата на алкохол и професиите кои бараат екстремен емотивен труд.
Резултатите ги потврдиле хипотезите дека оние кои на работа се принудени да ги маскираат своите емоции и да произведуваат лажни расположенија се склони кон влегување во алкохолизам. И дека пијат повеќе и за време на работата и после неа. Под најголем ризик се оние чии работни места имаат многу мала автономија, од телефонски оператори до келнери. Американското истражувањето било спроведено на репрезентативен примерок на национално ниво.
Затоа, драги срцки од Визер, понекогаш вака: