За показна вежба истражувачите од Универзитетот во Бристол го имаат избрано Јутјуб, кој има статистика од 1 милијарда прегледани часови видео на ден.
Пресметувајќи ја потрошувачката и популарноста на Јутјуб за 2016, истражувачите дошле до бројката 11,1 милиони тони јаглерод-диоксид создаден од гледање видеа. Ова е рамно на количината загадување од градови со големина како Франкфурт или Глазгов.
Примерот со Јутјуб го прикажува проблемот општо со ваквите сервиси и интернет страните, кои според истражувачите се така направени што „по природа се расипнички“ и трошат повеќе струја отколку што е потребно за да се даде корисничко искуство со ист квалитет.
Тие наведуваат и неколку мерки што би можел Јутјуб да ги преземе за целиот сервис помалку да загадува. На пример кога Јутјуб се користи само за слушање музика на некој таб во позадина, доколку оди само аудиото без да врти и видео, загадувањето би се намалило за 3%, 323 илјади тони јаглерод-диоксид, што е еднакво на годишното загадување од 50.000 автомобили.
Меѓу „душманите“ (за кои немаат точни бројки) се и ауто-плеј видеата, популаризирани откако он-лајн видео рекламите почнаа да се продаваат по пуштено видео.
Заклучокот „Јутјуб загадува колку цел Франкфурт“ се однесува на 2016 години, и само на дел од содржината што во секоја секунда се влече од сервери, без да се земе предвид како колкави градови загадуваат социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм, посебно по додавањето видеа и приказни) или видео стриминг сервисите (Нетфликс, Амазон...).