Во прво време понудата е за астронаути-приватњаци, вработени на компаниите што работат на патување во вселената или што имаат друга потреба од терање експерименти, работа и истражување на МВС. Втор предуслов е компанијата да нема никакви врски со Кина.
НАСА и онака веќе спроведува експерименти за други компании, но по новите правила годишно ќе има по две приватни мисии во вселената, па луѓето сами да си завршат што им треба. Нивното траење ќе биде максимум по 30 дена, и секој од приватњаците мора да има некаква врска со мисијата на НАСА.
Сега ценовникот на НАСА:
- 11.250 долари (на ден по човек) за животна околина и тоалет
- 22.500 долари (на ден по човек) за храна, воздух, опрема за вежбање и слично
- 42 долари за киловат-час струја
- 50 долари за гигабајт интернет
- 105 долари за торба багаж на ден
- 3.000 долари за килограм ѓубре.
На ова е плус цената за превоз до и назад од МВС, опремата што би се користела таму и слично.
Во втората фаза се планира да биде дозволено и обични туристи (со доволно милиони долари) да патуваат до МВС.