5 години по легализирањето рекреативна марихуана, властите на Орегон одлучија на дека е време надлежните да престанат да делат лиценци за одгледување врз основа на понудата и побарувачката во моментот.
По друга математика, само од минатогодишната жетва Орегон има суфицит марихуана од над 1 милијарда џоинти. Еден од аргументите на законодавците е дека моментално има 2 пати поголема понуда од побарувачка на марихуана.
Орегон го има најголемиот вишок од сите 10 сојузни држави кои ја легализираа марихуаната. И предноста главно се должи на неспоредливо подобрите околности и плодност на почвата во Орегон, а не на тоа дека тамошни консументи помалку дувале, плус богатата историја на одгледување марихуана пред легализирањето.
Во моментов во Орегон има 1.123 активни одгледувачи кои во изминативе 3 години имаат добиено лиценца од тамошните власти.
Ваквиот вишок ги симна цените на легална марихуана од 10 долари во октомври 2016, на помалку од 5 долари за грам во декември 2018.
Еден од стравовите на властите е дека дел од лиценцираните производители ќе одлучат дел од производот да го насочат кон пазарот на црно, наместо да го чуваат во магацини. За сега за да спречат вишокот марихуана да се расипе производителите ја претвораат во концентрат или додатоци за храна кои имаат далеку подолг рок на траење.