Професор Луана Мароја од Бразил 10 години предава еволуција и генетика на еден американски универзитет. Вели дека сите тие години студентите ќе се пожалеле евентуално на некоја оценка. Но, откако Трамп беше избран за претседател, политичките тензии во универзитетските кампуси се толку нагласени што студентите почнуваат да затвораат очи пред науката и нејзините аргументи, секогаш кога таа и тие се судираат со нивната политичка идеологија.
Накратко, во желба да се перцепираат како тотално анти-сексисти и анти-расисти, тотално посветени на еднаквоста, студентите одбиваат и да разговараат за биолошки разлики, бидејќи секое спомнување на биолошки феномени им мириса сомнително.
Меѓу другото, тој предава и за концептот за наследност и на таа тема, им дал на студентите да интерпретираат податоци кои навестувале разлики меѓу коефициентот на интелигенција на луѓе во САД и во Бразил. Притоа, сакал тие самите да ја доловат ограниченоста на ваквите податоци кои ништо не зборуваат за културолошките елементи во мерењата и да ги научи како да се интерпретираат а како не некои сирови податоци.
Ама не. Студентите веднаш дале отпор на вака „матна тема“ па приговарале дека интелигенцијата не може да се мери, дека IQ тестовите се правени за да се потлачуваат малцински групи, дека интелигенцијата воопшто не е наследна....
Ниедна од овие аргументации не е точна, вели Мароја. IQ може да се мери и тој во себе носи извесна предвидувачка вредност. И иако е под силно влијание на надворешни фактори, има многу јасна и суштинска наследна компонента, бидејќи околу 50% од варијациите во измерената интелигенција на луѓето се резултат на варијации на нивните гени. И покрај ова, добар дел од студентите, без никаква научна поткрепа, порекнувале дека воопшто постои наследност како биолошки феномен.
Слично порекнување покажале и кога се работело за набљудувани разлики меѓу групи на луѓе, како на пример мажи и жени. Тек па на тоа прашање не се потпираат на наука туку на нивната морална обврска да бидат коректни.
„Прибегнуваат кон одрекување како кон азил за да се сочуваат себе си од конфронтирање со светот каков што не сакаат да го видат, а тоа е дека разликите меѓу групите делумно се базирани и во биологијата,“ вели Мароја кој открива дека добивал мејлови со долги објаснувања зошто треба да престане воопшто да предава на таа тема.
Дури и кога ќе бидат соочени со многу цврсто докажани биолошки концепти, студентите нив ги толкуваат со неверојатна идеолошка искривеност. На пример во оној концептот дека со помагање на своите деца и блиски човек индиректно го помага одржувањето на сопствените гени, хистеричните комсомолци гледале како на прикриен обид да се оправда и релативизира тоа што Трамп вработува луѓе од својата фамилија во администрацијата!
Во ваква ситуација, професорот морал одново да им црта дека науката треба да го истражува светот онаков каков што е, а не каков што сакаме да ни изгледа.
Но, се чини дека денешната академска младина го гледа само она што сака да го види и се обидува да ја демантира реалноста, секогаш која таа не е во склад со нивната идеологија.
На пример, кога науката ќе утврди дека постојат очигледни биолошки разлики меѓу половите, и во поглед на физичките особини (мажите во просек се посилни и побрзи од жените) и во поглед на однесувањето (малите момчиња преферираат играчки со тркала додека девојченца попрво би одбрале меки полнети играчки), овие веднаш ќе рипнат со ставот дека тоа се разлики кои се инјектирани со предрасуди во воспитувањето. Само што, истата закономерност (околу играчките) е измерена и кај млади мајмуни, кои никако па не биле под пресија на половите стереотипи на родителите и медиумите.
Ама ене го Питерсон, пена му фати устата обидувајќи се да им го објасни тоа.