Кога ќе види човек, ништо живо не остана од оние класични научни истражувања околу храната на кои пораснаа дузина генерации. Наспроти општонародното верување, сега е утврдено дека консумирањето црвено месо (генерално свинско и телешко) и консумирањето бело месо (генерално пернати створења и риба) имаат подеднакви ефекти врз нивоата на холестерол во крвта.
„Кога го планиравме истражувањето, очекувавме дека ќе добиеме поинакви резултати од оние кои ги добивме. Нивните ефекти врз холестеролот се идентични кога нивоата на заситени масти се еквивалентни,“ вели водачот на студијата објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана.
Доктор Роналд Краус потенцира дека во нивната студија не било испитано телешко добиено од животни кои паселе трева, процесирани производи како сланина и кобасици, а не била вклучена ни риба.
Студијата наречена APPROACH (Animal and Plant Protein and Cardiovascular Health) утврдила и дека консумирањето големи количини заситени масти ја зголемува концентрацијата на крупна LDL (Low-density lipoproteins) кои имаат послаба врска со кардиоваскуларните заболувања отколку помалите LDL парчиња.
Сè на сè, резултатите сугерираат дека генерална рестрикција на внес на месо, без разлика дали е црвено или бело, се чини како поздрава опција од она што досега беше пракса.
Црвеното месо стана озлогласено последниве децении поради неговата поврзаност со срцеви заболувања па речиси сите надлежни упатства препорачуваа да се заменува со бело месо.
„Протеините од не-животинско потекло, како што е зеленчукот, млечните производи и мешунките покажуваат најдобри резултати во однос на холестеролот,“ порачува Краус.
Да завршиме со виц:
Си биле три глицериди.