После првиот Топ Ган, Том Круз рече дека би било неодговорно да снима продолжетоци на тој филм, за младите да не помислат дека во реалноста е како на филм. Три децении подоцна, Том Круз сними - Топ Ган. Пентагон повторно великодушно дочека продолжение на еден филм кој минатиот пат им го зголеми бројот на регрути за 500%.
Медицинската експертка и аналитичарка на CNN, доктор Леана Вен, две и нешто години беше една од најгласните поборници за носење маски, особено во училиштата. Сега признава дека принудувањето на нејзиното дете да носи маска му наштетило на неговиот развој.
Будалестата ритуалност на британскиот монархизам оди во толку бизарни детали што постои протокол дури и за кралскиот пчелар во случај на смрт на монархот: треба да оди од кошница до кошница, да им ја соопшти тажната вест на пчелите и притоа да им каже да не се секираат.
Заштитните шлемови за глава се речиси исти какви што биле кога биле измислени пред многу децении. Сега добиваат еден битен апдејт во дизајнот благодарејќи на кој човекот треба да е заштитен не само од директен удар туку и од страничен нокаут.
Рецензирана италијанска студија покажала дека 94% од луѓето кои имале несакани ефекти по примањето мРНК вакцина имале невообичаена крвна слика и туѓи материи во крвта, еден месец по вакцинацијата. „Креаторите на вакцините треба да разјаснат што е тоа што го гледаме на микроскоп и зошто е тоа таму“, велат авторите.
Се очекува американската Агенција за храна и лекови неделава да одобри нови бустери за ковид-19 пред тие да бидат тестирана на луѓе. „Непријатно ми е кога ќе помислам дека на луѓе ќе им дадеме десетици милиони вакцини за кои ќе имаме само податоци за глувци“, вели еден експерт.
20 сопственици на автомобили Тесла од Норвешка започнаа штрајк со глад заради дефекти во нивните коли и незадоволство како тие проблеми им се решаваат. Гладот победи веќе првиот ден. А Илон Маск поштено ги затрола.
Кога им беше фуфка од ковид, австралиските власти оставија непрегледани и нерешени над милион барања. „Австралија ги затвори границите за странски работници а сега очајно ѝ требаат“ пишува CNN за земјата чиј домашен базен од кој можат да се црпат нови работници почнува да пресушува.
Истражувачи од МИТ сакале да покажат колку вештачката интелигенција зависи од податоците кои ги добива па на свој алгоритам му покажувале злобни коментари од интернет. Им се родил психопат кој иако нема видено ниедно убиство, во сè гледа ужас и хорор.
Штулиќевото форсирање на јак „хал ефект“, или пак непарното броење такти, произведуваат чувство дека музиката доаѓа од некое место со еони далеку од овде - за некои валкан звучен пекол, а за други како мене, неизвалкан рефлекс на бунтовничкиот нерв.
Една од најопасните дебати што почнува да се отвора во Германија не е ни за Русија, ни за родови, ни за екологија, ни за нуклеарни централи, туку е за пензија, и како би сакале да се пензионирате на 70 години?
Пријавувањето патенти и заштитувањето трговски марки се стандардно досадни и сувопарни случаи. Но, чат-пат знае да се појави и некоја помрсна епизода. Надлежните во САД неодамна решија дека никој не може да поседува ексклузивно право и на таа основа да заработува од омилената пцовка на англиски јазик.
Ако сте прележале ковид одамна а чувството за мирис и вкус сè уште ви се нема вратено, бар да знаете дека не сте сами. Истата мака ја имаат речиси 30 милиони луѓе во светот. И никој не знае до кога ќе биде така и дали воопшто ќе помине.
Американците и светот добија вакцина за ковид -19 многу побрзо отколку за некои други болештини не само затоа што ситуацијата беше ургентна а науката многу напредната туку и затоа што во Америка се ближеа избори.
Речиси 4 децении, за време на владеење и на републикански и на демократски претседатели, Антони Фаучи владее со американската борба против заразните болести и со Националните институти за здравје. Вчера објави дека во декември целосно се повлекува од државна служба.
Последните податоци од Нилсен покажуваат дека во САД стримингот станал попопуларен начин на консумирање телевизиски содржини од кабелската телевизија. Како и кога кабелската го победи бродкастот, и овој тренд допрва ќе го менува културниот и бизнис релјеф околу медиумите.
Анкета меѓу италијанските свештеници кои со дозвола од Ватикан изведуваат егзорцизам покажа дека овие луѓе се преуморни, дека имаат премногу души за чистење а не добиваат никаква помош од своите. Со други зборови, егзорцизмот е ѓаволски тешка работа.
Со текот на времето бактериите стануваат сè поотпорни на антибиотици, па медицината веќе извесно време ја фаќа паника како да им доака на бактериите резистентни на сите постоечки лекови, вклучувајќи ги и оние кои се сметаат за последна линија на одбрана. Има добри вести.
Се појавија нови докази дека официјални лица од Белата куќа приватно побарале од вработени на Твитер да го цензурираат и забранат новинарот Алекс Беренсон, пишува Вол стрит журнал.
Џефри Сакс е првиот човек на комисијата на журналот Лансет за истражување на потеклото на ковид-19 и од таа позиција тој тврди дека е „уверен“ дека вирусот потекнува од лабораторија.
На 23 јули 2022 година, Светската Здравствена организација ја прогласи состојбата со мајмунските сипаници за глобална вонредна здравствена состојба. На тој алармантен потег му претходеше експертско гласање во самата СЗО.
Вегански активисти бараат популарната британска пита „свински кружен тек“ со уредба на властите да биде реименувана во „вегански кружен тек“. Да се намалела суровоста кон животните и да се правеле поздрави животни избори. На испостен човек сешто ќе му текне.
Две миризливи супстанци, деканал и недеканал, потсетуваат на мирис од кора на портокал но најпрепознатливи се во култниот мирис на Коко Шанел, легендарната Петка. Истражувачите сега откриле дека токму тие две супстанци се оние кои ги привлекуваат комарците кај луѓето. И оние што не користат Шанел.