
Според декласифицираните документи на ЦИА, фамозниот Ковчег на заветот (Википедија) бил лоциран уште во 1980-тите.
Според референци од Библијата, тој ковчег ги содржи Десетте божји заповеди кои Бог му ги предал на Мојсеј на планината Синај, стапот на Арон (братот на Мојсеј) и тенџере со мана (храна слична на леб со која Бог го хранел Израелците во нивното повеќедецениско патешествие).
За локацијата на ковчегот постојат многу верзии и митови. Етиопската православна црква Тевахедо тврди дека ја чува во ризница во близина на црквата Пресвета Богородица од Сион во градот Аксум. Народот Лемба од Јужна Африка и Зимбабве тврдат дека нивните предци го криеле во длабока пештера во планините Думге. Трети веруваат дека ковчегот се наоѓа во гробот на египетската принцеза Теа Тефи.
ЦИА мисли поинаку.
Агенцијата во 80-тите години имала проект “Sun Streak” кој користел телепатски способности на таканаречени „гледачи на далечина“. Да де, гатачи.
Пензионираниот офицер на американската армија, Џо МекМонегл кој за себе вели дека бил „далечински гледач број 1“, тврди дека негов колега на платниот список на ЦИА ( „далечински гледач број 38“) успеал да го лоцира Заветниот ковчег.
„Предметот е контејнер кој содржи друг контејнер. Направен е од дрво, злато и сребро, украсен со ангели со 6 крилја,“ стои во записникот од „гледањето“.
Триесетосмицата во таа област видел луѓе кои зборуваат арапски, „целта“ е скриена под земја и содржела информации, лекции и историско знаење многу поголемо од она што сега го имаме.
„Целта е заштитена од ентитети и може да се отвори само од оние кои се овластени да го сторат тоа. Овој контејнер не може да се отвори додека не дојде времето за тоа“ а тогаш „механиката на системот за отклучување ќе биде прилично едноставна“. Но, секој што ќе се обиде да го отвори со кој било друг метод ќе биде „уништен од заштитниците на контејнерот преку употреба на струја непозната за нас“, рекол гатачот.
Хмм.
Глупости.