Не е лесно да си пчела во 2025-та

Нешто се има случено пред 20-тина години бидејќи оттогаш почнува вртоглаво да расте угинувањето на пчелите. Пред 2005-та година, во Америка годишно се губеле 10% до 20% пчелни колонии за последнитее години тоа да стане меѓу 40 и 50 проценти. А најлошата година е во тек. Штетите се милионски но не се изразуваат само во долари.

Ентомолозите од Државниот универзитет во Вашингтон проценуваат дека оваа година, колониите на пчели во САД ќе се намалат до 70 отсто.

Универзитетот потсети дека изминатата деценија, загубите на пчелните колонии во просек изнесувале 40% до 50% годишно, но, годинава, комбинацијата на нутритивни недостатоци, наезда на грини, вирусни заболувања и изложеност на пестициди во текот на претходната сезона на опрашување доведува до рекордни загуби.

Многу комерцијални пчелари се на работ на пропаст бидејќи зимата веќе им однела, во просек, над 60% од нивните колонии.

Стапката сугерира дека земјата е на пат да се соочи со најголемата загуба на пчелни колонии во својата историја а проблемот станал очигледен за време на масовниот зимски транспорт на пчели во Калифорнија, заради опрашување на огромните плантажи со бадеми.

Директните штети со изразуваат во стотици милиони долари и поскапување на медот, но вистинската димензија на проблемот е во фактот дека околу 35% од храната во светот зависи од вредните  опрашувачи.

******

Види и:

Јагмата по „бадемово млеко“ ги потепа американските пчели

Пчели навлечени на инсектициди

Самотните пчели кои не работат за луѓето туку за природата

Необичната традиција на разговарање со пчели

 

 

27 март 2025 - 13:45