Самотните, солитарни пчели, попознати како солитарки, не произведуваат храна за човекот а во светот ги има околу 20.000 различни видови.
Бидејќи не прават мед, многумина и не знаат за нив иако важноста за екосистемот им е пресудна. За поедини билки, солитарките се многу поважни од медоносните пчели.
Една солитарна пчела во однос на опрашување е ефикасна колку 120 медоносни. На пример, за опрашување на еден хектар јаболкови насади потребни си 60.000 медоносни пчели, или само 500 солитарни.
Летаат и на пониски температури и работат извонредно и на силни ветрови. Во развиени агро-културни земји, нивното изнајмување е регуларен дел од процесот на одгледување големи плантажи.
Овие пчели не мора да ги сместуваме во кошници, да се селат на паши, да се лечат или дохрануваат како медоносните, само треба да им се обезбеди здрава околина за да живеат. И да бркаат работа.