Живот и забава

Омилената порно ѕвезда на жените не е порно ѕвезда

Порнхаб и РедТјуб ги здружија силите за да откријат што сакаат жените од порното. Анализираа 40 милиони посетители и дојдоа до конечниот одговор - Ким Кардашијан.

Колонизирање на Месечината по багателна цена

Поставувањето на перманентна база на Месечината ќе чини 90% поевтино отколку што се очекуваше, покажува студија нарачана од НАСА, спроведена од две непрофитни организации и потоа рецензирана од независен тим составен од поранешни НАСА директори, астронаути и експерти.

Не мора да ви се допаѓаат вестите за да ги почитувате

Во сè поголемата какофонија на гласови, се зголемува и желбата да ги чуеме само оние кои се согласуваат со нас, пишува професорот на Јејл, Стивен Картер.

Митот (и реалноста) на „летните петоци"

САД има една одлична традиција, чие потекло и реално почитување не се баш јасни, но која треба час поскоро да ја усвоиме, како уште еден знак за нашите стремежи за фаќање приклучок кон развиениот свет, влез во НАТО, ЕУ и АУ. Се вика „летен петок", кога канцелариите на почетокот од викендот затвораат порано од вообичаено. Но како што стојат работите во САД денес, изгледа дека ова е повеќе урбана легенда отколку реалност. Барем така вели колумнистка на Њујорк Тајмс.

Како се станува бестселер на Њујорк Тајмс?

Статусниот симбол кон кој се стреми секој што некогаш напишал книга, прв пат се појавува во 1931-ва година и се однесува на најдобро продаваните топ 9 книги (5 белетристика, 4 останато) во Њујорк. Денес е хаос.

Пешачи во име на мирот во глава

Ако може да им се верува на луѓе кои цел живот учат и работат на темава, прошетка во парк или во природа го смирува мозокот и притоа го менува и неговото функционирањето на начин кој е добар за нашето ментално здравје.

Дубаи почна да гради палми

Компанијата Смарт Палм ги постави своите први "паметни палми" во Дубаи. Планот е да бидат инсталирани исти вакви палми на 103 локации низ градот.

Фифти сентс, завршна сметка

По објавувањето банкрот (ама не од тој најлошиот, уште има пари човекот), Куртис Џексон мораше да се појави во суд, каде неверувањето околу неговиот банкрот го бранеше објаснувајќи "накитот и автомобилите ги враќам во продавница."

Зошто нема женски мињони?

Тоа што сите жолти створови во цртаниот филм се машки се должи на две нивни карактерни особини - мутави се и глупи, што само по себе значи дека не можат да бидат женски.

Зошто ајкулата не го гризна сурферот?

Во најкраткото и ужасувачко продолжение од Ајкула, во неделата со запрепастување гледавме како еден сурфер наспроти целата веројатност успеа сред океан да се спаси од напад на ајкула.

За ГМО работите

Тоа што војната против генетски модификуваните организми е полна со сеење страв, грешки и измами, нема никако да помогне овие производи да станат побезбедни, пишува Вилијам Салетан за Слејт, кој речиси цела мината година ја троши на пребарување на доказите, за и против.

На ништо од ова да не верувате

Научници, фела со која до сега се согласувавме по секоја основа (од Биг Бенг до вакцини), некако сфатиле дека ја имаат нашата безусловна поддршка за што било, па дека за сè ќе им веруваме на збор. Овој пат нема да може.

Приколката која ни недостасува

Како што знаат некои меѓу нас, пишувањето на сајтов од локации „среде никаде“ и имањето сигурна интернет врска, не е секогаш можно. Или барем така мислевме дур не ја видовме оваа приколка.

Мрачната страна на емоционалната интелигенција

Тренди е да се инсистира на добрите страни на емоционалната интелигенција, без која ниту најинтелигентиот човек не е комплетен. Но таа може да има и мрачни страни.

Велосипедскиот град на светот

Од 190.000 жители на Гронинген, на над 50% главно превозно средство им се велосипедите. И покрај тоа што и понатаму на сила се мерките за поттикнување на возење точак, тие ова повеќе не го гледаат како обврска, туку како навика.

Како градот те уништува

Од светската популација повеќе од половина живее во градови. До 2050-та се очекува околу 70% од човештвото да биде сместено во град.

Германска забава за цело семејство

Во догледно време во Германија инцестот би можел да биде легализиран откако тоа го побара германскиот етички комитет.

Кој ќе ја упропасти марихуаната?

После легализацијата марихуаната е на добар пат да ти се одмили по иста основа како и брада, пиво, ракија, кафе, цигари - премногу луѓе не заинтересирани за содржината туку за пакувањето почнуваат да комплицираат крајно едноставна работа (пред тие да се вмешаат брадата беше долга и несредена, пивото ладно, ракијата од грозје, кафето црно и без ништо, цигарите со вкус и арома на цигари). Ок, не баш да ти се одмили, ама друго е.

Принс отсвири повлекување

Лапајте наоколу музика од Принс додека ја има. Човекот сериозно почна да ги повлекува своите песни од веб.

И да не сте голема риба, јадете мали риби

Откако главно ги потепавме големите риби, останаа оние помалите. Парадоксално, за да ги спасиме малите рипчиња, треба почесто да ги јадеме. Рене Реџепи се согласува.

Плејлистата на Обама

По зборовите на луѓето од магазинот Пичфорк, тешко дека во скоро време Америка ќе избере уште еден претседател чиј културолошки компас е толку свеж и младешки како оној на Обама.

"Стегањето на каишот" е класна војна

Американскиот интелектуалец смета дека официјалната политика на европската тројка е продолжување на класната војна со други средства и предупреди дека опасноста од претераното притискање на левичарите на Сириза е јакнење на десничарите од Златна зора.

На еркондишни црн народ

Тоа што сред лето на работа ти е смрзнување или што е кочан ладно кога влегуваш во зграда на некоја мега корпорација, многу помалку има врска со нивната загриженост за тебе, отколку со намерата да ја демонстрираат својата семоќност.

Лажен ресторан победи на TripAdvisor

За да докажат дека оценките на TripAdvisor се гола вода, италијански весник измислиле непостоечки ресторан, го пријавиле на сервисот и ја победиле конкуренцијата.