Тие него го сметаат за постар член на хип-хоп генерацијата (со 53 години сепак е помлад од Чак Ди).
"Во двата мандати, Претседателот Обама го модернизираше, предефинираше и воведе разновидност во она што Соединетите држави го сметаат за Американа. Затоа вреди да се потсетиме на неколку песни што тој ги слушаше, цитираше, и ги отфрли во изминатите 7 години. И оние што ги испеа...
... Еве во ниту една смисла сеопфатна листа на овие песни," пишува Пол де Ревер за Пичфорк.
Списокот е:
- OutKast: "Liberation" [ft. Cee-Lo, Erykah Badu and Big Rube]
- The Black Keys: "Lonely Boy"
Во неодамнешното одговарање на прашања на Твитер, Обама ги наведе Ауткас и Блек Кис како музичари што ги слуша во последно време.
- The National: "Fake Empire"
Инструменталната верзија на нумерава во 2008-ма беше лиценцирана од кампањата на Обама за претседател.
- Bob Dylan: "Maggie's Farm"
За време на првата претседателска кампања Обама за Ролинг Стоун изјави дека негова омилена плоча од Дилан е Blood on the Tracks, меѓутоа Maggie's Farm од Bringing It All Back Home од 1965-та "му е еден од фаворитите за време на политичката сезона."
- Jay Z: "Dirt Off Your Shoulder"
Во еден од најшеретските моменти од првата кампања, Обама ја направи најдобрата асоцијација на текст од Џеј Зи.
- Ludacris: "Politics As Usual"
За време на кампањата 2008-ма Лудакрис објави нумера со која ја нападна Хилари Клинтон и Џон Меккејн. Ова не му се допадна на Обама и за кратко време ја осуди нумерата, која со ова стана првата нумера што добила официјална осуда од претседателска кампања.
- Al Green: "Let's Stay Together"
Некаде во вториот мандат, тазе после победата, Обама почна да пее.
- Robert Johnson: "Sweet Home Chicago"
Па ја фати и "Sweet Home Chicago".
- "Amazing Grace"
Последниот настап беше пред некое време, за време на службата за убиените во масакрот во Јужна Каролина.